Цапарско ПолеЦапарско Поле (во минатото познато како Ѓаваткол) — мал висорамнински предел во Македонија, западно од Битола, во горниот тек на реката Шемница. Од југ е заградено со Баба Планина со врвот Пелистер (2601 м), а од североисток со Бел Камен (1431 м) од запад со планината Бигла, со превојот Ѓавато (1167 м) од каде западно се префрла на соседната Преспанска Котлина со Преспанското Езеро и градот Ресен. Интересно е да се наведе дека преку превојот Ѓавато и Цапарско поле поминувал римскиот пат Вија Егнација. СелаВо Цапарско Поле има 13 села, меѓу кои најголеми се Цапари и Ѓавато.[1] Другите села се: Ротино, Српци, Рамна, Лера, Свиниште, Стрежево, Метимир, Гопеш, Доленци, Кажани и Маловиште. Од етнички аспект во областа живеат Македонци, Албанци и Власи. Демографија на Цапарско ПолеНа табелата е прикажан бројот на население во селата во Цапарско Поле низ сите пописни години:[2]
Највисоката бројка на население областа го имала во 1953 година, по што следуваат масовни миграции во Битола, но и во прекуокеанските земји, а најмногу во Австралија, за во 2002 година да брои само 1.424 жители или 80,8 % помалку во споредба со 1953 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia