На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мало Српци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Власи.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Српци имало 65 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 39 Македонци и 6 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Ѓореј (4 к.) (првично „Иванови“ од нив потекнува - Омраам Микаел Аиванов (Михаил Иванов, 1900-1986) — филозоф-мистик, ученик на Петар Данов[13] во род со битолскиот писател по потекло од Српци Тоде Ѓорески,
Доселенички:Обедниковци (3 к.) доселени се во првата половина од XIX век од селото Обедник во Железник. Го знаат следното родословие: Ташко (жив на 25 г. во 1951 година) Спиро-Коте-Ѓоргија, се доселил таткото на Ѓоргија; Јовчевци (2 к.) доселени се од некое село во Преспа; Тасевци (4 к.) доселени се од селото Рамна, таму биле староседелци; Дошлаковци (2 к.) доселени се од селото Завој во охридско; Колевци (4 к.), Каракли (3 к.), Балевци (2 к.), Ружој (2 к.) и Марковци (1 к.) доселени се однекаде; Влав (1 к.) потекнува од Влав, кој се доселил од Музакија во Албанија. Во Српци се оженил со Македонка, и сега во нивната куќа се зборува македонски.[14]
Самоуправа и политика
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Српци се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Рамна, Ротино и Цапари.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
До 1951 година од селото имало иселеници во Битола (6 семејства), САД (20 семејства), Бугарија (22 семејства), Охрид (1 семејство), Србија (1 семејство), Аргентина (1 семејство) и во Австралија (7 семејства).[26]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 ноември 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑ 23,023,1. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-07-29. Посетено на 2021-07-17.