СвиништеОваа статија се однесува на битолското село. За кичевското, погл. Свињиште. За охридското, погл. Свиништа.
Свиниште — раселено село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола. По потопувањето на атарот на селото со Стрежевското Езеро во 1980-тите години, единствен остаток од некогашното село е главната селска црква. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри.[2] Атарот зафаќал површина од 4,2 км2, кој сега е потопен со Стрежевското Езеро.[2] ИсторијаЗа првпат, селото се споменува во турскиот опширен пописен дефтер во 1519 година, кога е запишано како Свиништа.[2] Во XIX век, Свиниште било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство. СтопанствоСвињиштани биле добри ловџии, вредни дрводелци, мајстори, умееле да градат куќи и биле добри сточари и обработувачи на млеко и волна.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Свиниште имало 85 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свиниште имало 96 жители.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Свињишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6] Селото имало најголем број на жители во 1953 година - 235. По 1980 година селото е целосно раселено. На сите 150-тина свињиштани, односно на околу 40 домаќинства, на кои им биле одземени имотите поради градење на браната на ХС „Стрежево“, им биле изградени куќи во битолската Брусничка населба.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Свиниште немало жители.[7] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСвиниште е македонско православно село. Родови во Свиниште се:
Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Црноец, во која влегувале селата Габаловци, Метимир, Лопатица, Облаково, Стрежево, Свиниште и Црноец. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лопатица, во која покрај селото Свиниште се наоѓале селата Габаловци, Загориче, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Секирали, Стрежево, Утово и Црновец. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Избирачко местоСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0205 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Кажани, Стрежево и Свиниште, кое е сместено во шумарската куќа во Кажани.[13] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
ИселеништвоПостари иселеници до 1951 година од селото има во Битола (5 семејства), Канада (2 семејства), Австралија (2 семејства), Романија (1 семејство) и во Аргентина (1 семејство).[17] Потоа иселеништвото продолжило и од Свиниште над 200 лица има раселено во САД, Канада, Австралија и низ европските држави.[2] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia