Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, од десната страна на реката Шемница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 17 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 7,3 км2. На него обработливото земјиште зазема простор од 310 хектари, на пасиштата отпаѓаат 267 хектари, а на шумите 112 хектари.[2]
Историја
Во XIX век, Рамна било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Доселенички родови:Лозановци (4 к.) доселени се од околината на Ѓирокастро во Албанија, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 72 г. во 1951 година) Неделко-Анаќија-Лозан кој се доселил со своите 5 синови. Од Ѓирокастро избегале од крв. Кога бил жив Неделко во Рамна се населиле Албанци муслимани; Базјаловци (7 к.) родот го основал Коте кој се доселил од селото Стрежево; Настевци (2 к.) имаат исто потекло како и Базјаловци; Карапетковци (4 к.) доселени се во турско време од Ѓавато; Чашунковци (1 к.) доселени се од селото Загориче воЖелезник; Анчевци (2 к.) и Ќуљумој (2 к.) однекаде се доселени пред 1912 година.
Албанци:Бесимовци (2 к.) доселени се во XIX век од некое место во Јужна Албанија.[14]
Самоуправа и политика
Задружниот дом на кој е закачена табла за паднатите херои од селотоФреска на „Св. Кирил и Методиј“ во селската црква
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Рамна се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
До 1951 година од селото имало иселеници во Битола (5 семејства), САД (18 семејства), Бугарија (1 семејство), Скопје (1 семејство) и во Србија (1 семејство).[21]
Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, Ресен, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија), и низ Европа.[22]
Во 1912 година 70 до 80 албански семејства се иселиле од селото. Тие се населиле во Битола и во Турција.[14]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 ноември 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Настани 1945 година. Сојуз на борци од НОАВМ - Битола.
↑. Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-01. Посетено на 2021-07-17.