Метимир
Метимир — целосно раселено село во областа Ѓават-Кол, во Општина Битола, во околината на градот Битола. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, на истчните падини на Бигла, оддалечено 30 километри североисточно од Битола. ЕтимологијаПо кажувањето на мештаните од село Метимир, името на селото различно се објаснува. Името има чист македонски карактер. Кај поголемиот дел од населението, поготово кај постарите може да се чуе следната легенда за потеклото на името на селото: "Селото уште во својот најстар период го сочинувале шест до осум куќи - колиби. Сите жители биле од еден род, една крв. Помеѓу нив владеела братска љубов; за сите спорови и несогласувања се решавало на најдобар начин за сите - родбински. Бидејќи целото нивно внимание било свртено на подобрување на нивниот економски живот, тие имале сè што им било потребно за живот. Уште повеќе, по својата географска положба селото било оддалечено од сите патишта, па така било поштедено од секакви зулуми и грабежи. Бидејќи во селото сè било како во мед и во мир му го дале името Метимир. Директното толкување на зборот Метимир значи: "имаат мед и млеко", кое што по пат на разни трансформации се престорило во Метимир". ИсторијаСелото се споменува како Метомир во XV век со 22 глави на домаќинства.[2] Исто така, селото е споменато како Матимар и во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Манастир од 1611-1612 година со 14 домаќинства.[3] Според етнографските изпитувања на селото во 50тите години на XX век, кај целото население имало сеќавања дека порано во оваа област често доаѓале ограбувачи Арнаути. Во првата половина на XIX век селото било нападнато од околу 400 отпадници Арнаути од Дебарско. Тие прво ги ограбиле домовите, го изгореле селото и убиле голем број Македонци. За тоа сведочат и самите топографски имиња околу селото како Ѓорев Гроб или Ѓинев Рид. При палење на Метимир, според селаните, дури и виното што се чувало во визбите потекло како река по целиот пат дури до Шемница. После тоа селото повторно било обновени од тројца преживеани Македонци.[4] СтопанствоНаселение
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Метимир живееле 100 жители, сите Македонци.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Метимер се води како чисто влашко село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 25 куќи.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Метимир имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8] Според пописот од 2002 година, селото Метимир има 10 жители, сите Македонци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМетимир е македонско село. Родови во селото се:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 210 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Лера.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 108 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоДо 1951 година од селото имало иселеници во Битола (4 семејства), Романија (2 семејства), САД (3 семејства), Канада (1 семејство), Русија (1 семејство) и во Бугарија (3 семејства).[19] Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, САД, Канада, Австралија.[20] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia