Централни Источни Алпи
Централни Источни Алпи (германски: Zentralalpen или Zentrale Ostalpen; означувани и како Австриски Централни Алпи, Österreichische Zentralalpen или само како „Централни Алпи“)[1] — главен планински венец на Источните Алпи во Австрија и блиските области во Швајцарија, Лихтенштајн, Италија и Словенија. Терминот „Централни Алпи“ е многу чест во австриската географија како еден од седумте главни области во земјата. „Централни Источни Алпи“ главно се користи во поврзаност со алпската клупска класификација на Источните Алпи (Alpenvereinseinteilung, AVE). Централните Алпи го создаваат источниот дел на алпската линија, средиштен планински венец, како и оние венци кои се протегаат на север и југ. Местоположба![]() Централните Алпи ги имаат највисоките врвови на Источните Алпи и се сместени помеѓу Северните и Јужните Варовнички Алпи, од кои се разликуваат во геолошкиот состав. Главни се сместени во Австрија, се протегаат од подножјето на Бергамските Алпи кај езерото Комо и Бернина во кантонот Граубинден, источна Швајцарија долж брегот на Рајна во Лихтенштајн на запад сè до реката Мура на исток во Штаерска. Долините на реките Ин, Залцах и Енс ја обележуваат северна граница, додека реката Драва јужната граница. Централни Алпи како главна областа во АвстријаВо Австрија, Источните Алпи се поделени на Северни Алпи, Зона Грауваке, Централни Алпи и Јужни Алпи. Крајните се наоѓаат во јужна Корушка, но главно во североисточна Италија. ГеоморфологијаВенецот ги има највисоките врвови во Источните Алпи и има многу ледници. Во преодната зона помеѓу Источните и Западните Алпи, овие врвови преовладуваат во областа. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia