Оваа фотографија го прикажува манастирот Св. Илија сликано од неговата десна страна.
Црквата е сместена е високо во планината на околу 1450 м.н.в.
По својата градба и изглед е скромна, но има култно значење не само за жителите на селото Јабланица туку и за жителите на другите Долно-дримколски села.
Според некои кажувања црквата е постара од соборната црква меѓутоа заради проблемите што се јавувале во време на Османлиското владеење, морала да биде изгради високо во планината.
Помеѓу населението сè уште живеат легендите и преданијата за чудотворната енергија со која зрачи овој простор.
Црквта е посветена на пророкот Св. Илија. Се посетува трипати во годината на третиот ден Духовден, Илинден и Празникот Крстова Недела (неделата после Крстовден на 27 септември), чиешто одбележување временски се одвива кон крајот на месецот Септември или почетокот на месецот Октомври. Тогаш во црквата се организира масовен црковен собир на кој присуствуваат и по неколку илјади посетители од околните села и градови.
Гостите се послужуваат со традиционалниот ручек од варена зелка и говедско месо.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.