1310 Филигера
1310 Филигера, привремена ознака 1932 DB — каменест астероид и еден од поголемите пресекувачи на орбитата на Марс од внатрешните области на Главниот астероиден појас, со пречник поголем од 15 km. Бил откриен на 28 февруари 1932 година од германскиот астроном Фридрих Карл Арнолд Швасман во Бергедорф во Хамбург, Германија.[3] Филигера е од типот S по Толеновата таксономска шема. Во орбита е околу Сонцето на растојание 1,5–3,2 ае еднаш на секои 3 години и 8 месеци (1.352 денови). Орбитата има занесување од 0,36 и наклон од 21° во однос на еклиптиката.[1] Не се направен претходни набљудувања и не бил забележан од порано. лакот на набљудување на телото започнува 10 дена по официјалното откритие првото набљудување од Кралската опсерваторија на Белгија.[3] Во октомври 2001 година, првата вртежна светлинска крива на Филигера била добиена од атрономот Роберт Коф при Тортоновата опсерваторија (713) во Колорадо. Анализата на светлинската крива обезбедува добар вртежен период од 7,830 h со светлинска промена од 0,39 m (U=3).[5] Фотометриските набљудувања од астрономите Рене Рој, Раул Беренд и Пјер Антонини во февруари 2006 година, определиле период од 7,834 h и сетлосна велеичина од 0,36 м (U=3).[7] Во 2016 година, моделираните светлински криви користејќи фотометриски податоци од различни извори, дале сличен период од 7,830 и втрежна оска од (3,63°) во еклиптички координати (U=n.a.).[6] Досега не се објавени податоци од ниедно вселенско истражување за пречникот и албедото на Филигера. Според КАЛЛ се претпоставува стандардно албедо за каменсести астероиди од 0,20 и пречник од 15,24 km, со помош на апсолутна величина од 11,45.[4] Врз основа на генеричките претворби во однос на претворањето величина-пречник, Филигера би требала да биде со пречник меѓу 13 и 30 km и за албедото во распон од 0,05 до 0,25.[8] Други поголеми астероиди кои ја пресекуваат орбитата на Марс се 132 Етра (43 км), 323 Брусија (36 км) и 2204 Љули (25 км). Овој астероид е именуван во чест на швајцарскиот астроном Валтер Филигер (1872–1938), кој е откривач на астероидот од Главниот појас 428 Монахија во Минхен во 1897 година.[2] именувањето првпат е спомнато во Имињата на астероидите од Пол Хергет во 1955 година (H 120).[2]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia