Според спектралната класа, темното и црвеникаво тело е припадник на ретката класа D. Од 2016 година, познати се 46 астероиди кои се припадници на оваа спектрален тип.[14] Во орбита е на следечкиот тројански табор, во Јупитеровата L5Лангранжова точка, 60° зад орбитата на гасовитиот џин. Астероидот е во орбита на Сонцето на растојание од 4,6–5,8 ае еднаш на секои 11 години и 10 месеци (4.309 денови). Орбитата има занес од 0,12 и наклон од 9° во однос на еклептиката.[1] Астероидовиот набљудувачки лак почнува 2 месеци по неговата официјалната дата на откривање, а првите снимени набљудувања се направени во хајделберг во ноември 1917 година.[3]
Според истражувањата изведени од јапонскиот сателит Акари и мисијата NEOWISE на НАСА преку Широкозафатниот ифнрацрвно-прегледен истражувач, асероидот има пречници од 101,1 и 120,0 км и површината има албедо од 0,037 и 0,044.[6][7] Според Соработна астероидна светлокривна врска претпоставува за стандардно албедо за јаглеродни астероиди од 0,057 и пресметале пречник од 96,3 км, заснован на апсолутната величина од 8,81.[5]
Добиени се неколку светлински криви од фотометриските набљудувања на астероидот. Добиен е вртежен период меѓу 6,85 и 6,90 часа со промена на светлинската величина од 0,23 и 0,40. Првите две сетлосни криви биле добиени од страна на Стефано Мотола во јануари 1993 година и октомври 2001 година, во соработка со Клас-Ингвар Лагерквист и Марко Делбо од соодветните Квинстабергова и Торинска опсерваторија, (U=3/2+).[11] Двете добро определени светлински криви биле добиени и од Роберт Стивенс и Линда Френч при Центарот за изучување на Сончевиот Систем и Веслијанскиот универзитет на Илиноис во јули 2010 годинаи јануари 2015 година со (U=3/3).[8][9] Во продолжение,набљудувањата украинските астрономи во август 010 година биле искористени за да се добие добро дефинирана светлинска крива со (U=3).[10]