Селото Влахи се наоѓа во југозападниот дел на Пирин Планина, оддалечен 9 километри од општинскиот центар Кресна и околу 160 километри од главниот град Софија. Најниската надморска височина во атарот на Влахи е во областа Градешка Бања - 250 m, кај Влахи веќе е околу 600 m, а во нејзините највисоки делови достигнува над 2000 m. На север се граничи со село Оштава, на исток се искачува до планината Пирин, на југ се граничи со атарот на селата Плоски и Горна Градешница, а на запад стигнува до границата на Долна Градешница, Кресна и Ново Село.
Во минатото Влахи било составено од централен дел и маалата - Драколово, Полена, Југовци, В'чковци, Ѓурѓевица, Шемето, Дебел Д'б, Патриловци, Аркалејтовци, Манчовци, Куртовци, Куртишовци и Клетиште.[3]
Покрај селото тече Влахина Река, којашто претставува лева притока на реката Струма. Топографијата е разновидна - ова подрачје се наметнало како сливно подрачје на Влахинска Река, која од север се граничи со планината Албутин и сртот Страшана скала. Во атарот на селото се наоѓа прекрасниот Влахински водопад, кој е полн со вода речиси цела година.[4]
Регионот спаѓа во подрегион на преодно-медитеранскиот климатски регион. Просечната годишна температура е 14 °C (0 – 2 °C во јануари и 24 °C во јули).
Шуми - даб, зимски даб, обичен габер, бел и црн бор, бука, јавор и др.
Животинскиот свет е разновиден - диви свињи, срна, мечки, лисици, волци, цицки итн. Тука се и некои од ретките и заштитени видови змии кои се наведени во Црвената книга на Бугарија - мачка змија, боа констриктор, песочна боа и змија леопард.
Историја
Отоманско Царство
Во Влахи се наоѓа најстарата црква во Кресненско, црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, изградена во 1757 година.[5]
За време на Македонското востание Влахи е прибежиште на востаниците. По востанието селото е опустошено и од 300 куќи преживуваат само 80 заедно со црквата и училиштето.
Селото Влахи е родно место на македонскиот револуционер Јане Сандански. Во 1901 година Јане Сандански ја киднапирал протестантската мисионерка Мис Елен Стон и одреден период ја држел како заложник во селото.
Влахи во минатото било голема населба и во 1934 година броело 1.642 житела, а денес е на пат целосно да се расели. Според пописот од 2011 година, во селото живееле само 5 жители, запишани како Бугари.[12]
На табелата е прикажан бројот на населението во Влахи за периодот 1934-2011:[12]
година
1934
1946
1956
1965
1975
1985
1992
2001
2011
жители
1.642
1.307
1.132
624
167
72
36
17
5
Распределение населения по возрасту в 2011 году[13]:
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[14]