Награда за борбеност на Тур де Франс
ИсторијаОд 1952,[2] по секоја етапа на најборбениот возач му се доделувала награда, а постоел и конечен пласман.[3] На крајот на Тур де Франс 1956, Андре Дарижад бил прогласен за најнапаѓачки велосипедист.[4] Во тоа време, наградата го имала истото значење како наградата за велосипедистот со најлоша среќа, Пико во 1956. Во 1961, наградата не ја добил поединечен велосипедист, туку цела екипа, регионалната екипа Запад-Југ-Запад. Системот на наградата бил менуван во текот на годините. Историски, возачите собирале бодови, а велосипедистот со најмногу бодови на крајот на трката бил прогласуван за победник.[5] Велосипедистот не требало да ја заврши трката, на пример Кирил Жимар во 1972 година не ја завршил, но сепак му била доделена наградата за борбеност. Во 1979 година, наградта за борбеност му била првично доделена на Јоп Зутемелк;[6] подоцна бил дисквалификуван и Хени Кајпер ја добил наградата. Моментален системВо моменталниот систем кој постои од 2003 година, жири на осмина велосипедски специјалисти, го избира најборбениот велосипедист на секоја етапа (исклучувајќи ги хронометрите).[7] Не постои маичка за најборбениот возач на претходната етапа, но добива посебен број на неговиот дрес; се состои од бел број на црвена позадина наспроти вообичаените црн број на бела позадина.[8] Наградата за овој возач е 2.000 евра.[1] На крајот на Тур де Франс (обично на последната етапа), се доделува наградата за супер борбеност на најборбениот велосипедист во текот на целата трка.[9] Наградата за борбеност моментално е спонзорирана од Brandt, а наградниот фонд е 20.000 евра.[1][7] ПобеднициДосега се доделени 61 награда за супер борбеност од 1953 година.[10]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia