Светско првенство во друмски велосипедизам 2018 — 91. издание на светското првенство кое се одржувало во градот Инсбрук, Австрија, од 23 до 30 септември 2018.[1]
Првенството се состоело од 12 настани, една друмска трка, еден екипен хронометар и еден поединечен хронометар за мажи и жени, како и една друмска трка и еден поединечен хронометар за возачите под 23 години и јуниорите. Организаторите на Тур де Свис биле задолжени за техничкиот дел од трките.[2] Натпреварувањата барале многу од возачите: друмската трка од 265 километри за мажите имала девет искачувања со околу 5000 метри.[3] Поради многуте искачувања, некои спринтери не учествувале на Светското првенство, бидејќи не гледале шанса за успех. Тоа било последно издание во кое имало екипен хронометар. Од 2019 година ќе биде заменет со мешан екипен хронометар за националните репрезентации.[4]
По третпат се одржувало првенството во Австрија.[5]