Фенг шуи![]() Фенг шуи (правилно: фенг шуеј[1]; ?? - „воздух-вода“) — древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата.[2] Изворниот назив на дисциплината е Кан ју (трад. 堪輿; упр. 堪舆; пинјин: kānyú; мак. транскр.: Кан ју; буквално: Тао на небото и земјата)[3]. Зборовите фенг шуи буквално би се превеле како „воздух-вода“ на македонски. Ова е кратенка која е земена од следниот пасус на Џангшу (Книгата на закопот) од Гуо Пу од династијата Ѓин:[4]
Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи е праксата на аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места. Историја и почетоциПред да се открие компасот, фенг шуи се раководел според кинеската астрономија за да се пронајдат соодносите меѓу човекот и универзумот.[5] Почетоците на фенг шуи датираат од 4000 г.п.н.е., кога е забележано дека некои градби се градени во линија со некои соѕвездија или правци во просторот.[6][7] Во гроб од 3000 г.п.н.е. е пронајден мозаик на соѕвездијата Змеј и Тигар, свртен во линија на оската север-југ.[8] Потоа, во гроб од време на културата на Хонгшан се пронајдени заоблени и квадратни форми,[9] за кои се претпоставува дека ја одразуваат космографијата: небесни форми – заоблени, земјени форми – квадратни.[10] Најголема сличност со модерниот фенг шуи е артефактот од нефрит ископан во Ханшан, а кој потекнува од 3000 г.п.н.е. Дизајнот се поврзува со Луопан, кинескиот вид на компас, кој се користи за потребите на фенг шуи.[11] Инструменти и техникиСе смета дека некои техники на фенг шуи се користени уште во време на династиите Хан, Танг, Сунг и Минг.[12] Меѓу првите инструменти кои се користени за потребите на фенг шуи е еден вид сончев часовник, наречен гномон. Кинезите ги користеле ѕвездите за да го одредат правецот север-југ. Користењето на ваквата техника објаснува зошто постојат отстапки од 10° источно од вистинскиот север. Магнетниот компас е измислен за потребите на фенг шуи,[13] и оттогаш се употребува. Традиционалниот фенг шуи компас се нарекува луопан, и за разлика од конвенционалниот, овој компас го покажува југ. Основите на фенг шуи
Целта на фенг шуи, онака како што денес се практикува, е да се постави градбата онаму каде што поминува добрата енергија „чи“ или „ки“. Постојат места кои не се добри за домови на луѓето, и се вели дека е подобро да бидат оставени во нивната природна состојба. Чи (ки)Тешко е да се пренесе вистинското значење на зборот „чи“, и затоа се остава во својата изворна форма. Буквалното значење на овој збор е „воздух“, но употребата на зборот покажува дека повеќе се однесува на енергијата – внатрешна или физичка. Според еден од авторите на оваа тема, Стивен Л. Филд, компасот Луопан се користи за да се открие течењето на чи. Професорот Макс Кнол во 1951 година објавил дека чи е облик на сончево зрачење.[14] ПоларитетПоларитетот во фенг шуи е изразен преку теоријата за јин и јанг, што понатаму се поврзува со биполарното магнетно поле, но и со теоријата за петте елементи.[15] Петте елементи кои се користат за потребите на фенг шуи се: вода, дрво, оган, земја и метал. Умешноста на фенг шуи мајсторот е да ги избалансира јин и јанг, како и петте елементи во просторот. Затоа се вели дека фенг шуи е во врска со балансирањето на енергијата. Багуа![]() Нацртот познат како багуа (или па куа) е претходник на И Чинг. Овој нацрт содржи осум полиња, кои се делови од таоистичката космологија. Осумте полиња си имаат свои конкретни толкувања, а претставени се со тријаграмите (полни и испрекинати линии) кои пак се користат за потребите на И Чинг. Четирите главни правци во просторот се поврзуваат со четири големи соѕвездија, познати во Кина како четири небесни животни. Тие се: Исток: Зелен змеј (пролетна рамноденица) --- Њао (птица), α Hydrae Југ: Феникс (летен сонцестој) --- Хуо (оган), α Scorpionis Запад: Бел тигар (есенска рамноденица) --- Су (празнина), α Aquarii, β Aquarii Север: Црна желка (зимски сонцестој) --- Мао (коса), η Tauri Плејади Фенг шуи денес![]() Денес за потребите на фенг шуи се користат главно следниве техники (треба да се има предвид дека ова не е конечен список, туку најчесто користените техники):[16]
Западот не покажувал многу интерес за фенг шуи сè до 1972 година, после патувањето на Ричард Никсон во Кина. Оттогаш, фенг шуи се претвора во индустрија.[17] Денес се знае дека магнетниот север и вистинскиот север не се поклопуваат, но фенг шуи компасот Луопан има решение за ова. Сепак, науката покажува дека сончевиот ветер може да делува врз магнетното поле на Земјата, и да предизвика бура во магнетосферата на Земјата,[18] а веќе на ова не може да се делува преку техниките на фенг шуи. Критики![]() Христијанската црква нема добро мислење за фенг шуи.[19]
Во 1949 година, комунистите во Кина го прогласиле фенг шуи за „општествено зло“, а едно време бил потполно забранет.[21][22]. Посебно било строго за време на „културната револуција“, кога практикантите на фенг шуи биле тепани од страна на Црвената Гарда, а нивните книги биле спалувани. Комунистите кои практикувале фенг шуи биле бркани од Комунистичката партија на Кина.[23] После смртта на Мао Це Тунг, официјалното мислење станува потолерантно. Сепак и денес во Кина е забрането да се регистрира фирма/бизнис за фенг шуи консултации. Во 2006 година во Кингдао затворена е уметничка галерија под сомневање дека нуди фенг шуи консултации.[24] Се смета дека денес во Кина помалку од една третина од населението веруваат во фенг шуи, а учењето на фенг шуи како вештина денес во Кина се смета за табу.[25][26] Сепак, бројот на фенг шуи практиканти е во пораст. Голем број кинески научници (главно антрополози или архитекти) го проучуваат фенг шуи, неговата историја и неговите теории. Меѓу проучувачите од целиот свет, овде спаѓаат пред сè: екологистите,[27] архитектите и градежните инженери,[28][29] некои школи за архитектура[30][31][32] и други. Наводи
Надворешни врски
Дополнителна литератураНаучни трудови
Современи варијанти
|
Portal di Ensiklopedia Dunia