Ѓавато (Гевгелиско)Оваа статија се однесува на селото во Општина Богданци. За други географски поими, видете ја статијата Ѓавато.
Ѓавато (понекогаш се среќава и како Ѓавото) — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци. Потекло на иметоИмето на селото Ѓавато е добиена од именка од грчко потекло, со значење, „премин“. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Бојмија, во западниот дел на територијата на Општина Богданци, непосредно на левиот брег на реката Вардар, чиј атар се допира со територијата на Општина Гевгелија.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 60 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 9 километри.[2] Атарот зафаќа површина од 13,8 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 405,7 хектари, на шумите отпаѓаат 592,1 хектар, а на пасиштата отпаѓаат 174,6 хектари.[2] Во атарот на селото се наоѓаат пумпи на хидросистемот „Ѓавато“, кој функционира од 2002 година како резултат на напорите за спас на Дојранското Езеро. ИсторијаПодрачјето на Ѓавато е населено уште од доцната антика, за што сведочи Рамниште (на работ на селото) и и утврдената населба на наоѓалиштето Мамино 4 км на север.[3] Во XIX век, Ѓавато било македонско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство. Кон крајот XIX век, кога Македонија била во состав на Отоманското Царство, во селото се бележи револуционерна дејност на ВМРО. На 31 август 1905, легендарниот гевгелиски комита Леонид Јанков со уште двајца свои другари бил предаден и опколен од триилјадна турска восјка кај местото Ѓуров Дол во селото Ѓавато, по што си го одземал животот. На почетокот на XX век селото потпаѓа под црковно-пропагандното влијание на Бугарската егзархија. Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4] СтопанствоВо селото најзастапено е полјоделството.[2] Во селото функционираат продавници и земјоделска задруга. Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ѓавато имало 320 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ѓавато имало 416 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7] Селото е средно по големина, без некои големи промени во населението. Така, во 1961 година селото броело 554 жители, а во 1994 година 485 жители, од кои 481 Македонец и 2 Срби.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Ѓавато имало 438 жители, од кои 407 Македонци, 21 Србин, 6 Турци и 4 останати.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 389 жители, од кои 350 Македонци, 14 Срби, 8 останати и 9 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Богданци, во која влегувале градот Богданци и селото Ѓавато. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Ѓавато се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Селемли и Стојаково. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 377 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 328 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
ЛичностиЛичности родени во Ѓавато:
Починати во Ѓавато:
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia