Селемли
Селемли — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци. Географија и местоположба![]() Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во југоисточниот дел на територијата на Општина Богданци, чиј атар се допира со државната граница со Грција[2] и има премин. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 11 километри.[2] Селемли е сместено јужно од селото Стојаково, со кое е поврзано со асфалтен пат. Атарот зафаќа површина од 6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 390 хектари, на пасиштата отпаѓаат 160 хектари, а на шумите само 4 хектари.[2] Во јужниот дел на селото се наоѓа малото вештачко езеро Селемлија, изградено во 1970-тите години за наводнување на лозовите насади. ИсторијаПодрачјето на Селемли е населено уште во доцната антика, за што сведочат остатоците на наоѓалиштето Голема Чешма крај езерото јужно од селото.[3] Во XIX век, Селемли било турско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоВо основа, селото има полјоделска функција.[2] Населението во Селемли претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски) пред сѐ поради погодната топла клима и силните средоземни влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се произведува квалитетно вино и ракија. Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Селемли имало 250 жители, сите Турци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6] Со растот на бројот на населението, селото преминало од мало во средно село по големина. Така, во 1961 година, Селемли имало 287 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 342 жители, од кои 311 Срби и 31 Македонец.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Селемли имало 327 жители, од кои 35 Македонци и 292 Срби.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 255 жители, од кои 43 Македонци, 191 Србин, 1 останат и 20 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политика![]() ![]() Селото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стојаково, во која влегувале селата Селемли и Стојаково. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Стојаково се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Ѓавато и Селемли. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 370 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 225 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia