Јужноамериканско првенство во фудбал 1939 — 15-то издание на првенството кое денес е познато како Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Перу од 15 јануари до 12 февруари1939 година.
На турнирот учествувале 5 репрезентации. Турнирот бил освоен од страна на Перу, второто место припаднало на репрезентацијата на Уругвај а третото на репрезентацијата на Парагвај.
Теодоро Фернандес, репрезентативец на Перу, бил најдобар стрелец со 7 голови.[2]
Учесници
На турнирот учествувале 5 репрезентации: Перу, Уругвај, Парагвај, Чиле и Еквадор. Бразил, Аргентина и Колумбија не учествувале на турнирот. Се применил т.н. Бергеров систем според кој шампион станува онаа екипа која ќе освои најмногу бодови.