Јужноамериканско првенство во фудбал 1987, попознато како Копа Америка 1987 — 33-то издание на Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Аргентина од 27 јуни до 12 јули1987 година. На турнирот учествувале 10 репрезентации.
Турнирот бил освоен од страна на Уругвај кој во финалето ја совладал репрезентацијата на Чиле[1]. Колумбија го освоила третото место победувајќи ја репрезентацијата на Аргентина во натпреварот за третото место.
Арнолдо Игваран, репрезентативец на Колумбија, бил најдобар стрелец со четири голови.
Секоја екипа одиграла по еден натпревар со секој од својата група. Победникот од секоја група се пласира во завршната фаза на турнирот. За победа биле доделувани два бода и еден за нерешено.