Јужноамериканско првенство во фудбал 2007, попознато како Копа Америка 2007 — 42-рото издание на Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Венецуела од 26 јуни до 15 јули2007 година.
Турнирот бил освоен од страна на Бразил, кој во финалето ја совладал Аргентина со 3:0[1]. Мексико го освоил третото место победувајќи го Уругвај со 3:1 во натпреварот за третото место. Така, Бразил се стекнал со правото да го претставува КОНМЕБОЛ[2] на Купот на Конфедерации на ФИФА во 2009 година[3].
↑Мексико и САД се членки на CONCACAF. Така и да го освојат ова натпреварување, нема да можат да го претставуваат КОНМЕБОЛ на Купот на Конфедерации, туку тоа би била најдобро пласираната јужноамериканска репрезентација.