Џакомо Ницоло
Џакомо Ницоло (италијански: Giacomo Nizzolo; р. 30 јануари 1989 во Милано) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[1] КариераЛеопард Трек (2011–2018)Ницоло ја освоил својата прва победа на трка од Светската турнеја во август 2012, на петтата етапа на Енеко Тур. Го започнал својот спринт на 300 метри пред целта и бил скоро одминат на самата линија од Јирген Рулантс (Лото-Белисол), кој помислил дека победил, но со фотофинишот се покажало дека Ницоло бил победник.[2] Го освоил бодовниот пласман две години по ред во 2015 и 2016 без да освои ниту една етапа. Во 2018 година, Ницоло бил именуван во почетниот состав на Вуелта а Еспања, каде завршил на подиум на три различни етапи. Дименжн Дата (2019-)Ницоло потпишал двегодишен договор со Тим Дименжн Дата на 21 септември 2018 година; ова било прва промена на екипа на Ницоло во неговата кариера.[3] Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[4] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia