Албиорикс е најголемиот сателит од галската група на неправилни сателити.
Име
Именуван е како Албиорикс во август 2003 година,[10] „галски џин кој се сметал за крал на светот“.[11] Ова име се наоѓа на натписот пронајден во близина на францускиот град Саблет на кој тој се изедначува со римскиот бог Марс.[12]
Орбита
Албиорикс забележан од WISE во 2010 година
Албиорикс кружи околу Сатурн на растојание од околу 16 милиони км и пречникот му се проценува на 32 километри, со претпоставено албедо од 0,04. Вртежниот период, измерен со ИСС камерата на вселенското летало Касини, изнесува 13 часа и 19 минути.[13]
Неправилни напредни групи на сателити на Сатурн: Галски (црвено) и Инуитски (сино)
Дијаграмот ја илустрира орбитата на Албиорикс во однос на другите напредни неправилни сателити на Сатурн. Орбиталната занесеност е претставена со жолти делови кои се протегаат од перицентарот до апоцентарот .
Со оглед на сличноста на орбиталните елементи и хомогеноста на физичките одлики со другите членови од галската група, било предложено дека овие сателити би можеле да имаат заедничко потекло од распаѓање на поголема месечина.[9]
Физички одлики
Неодамна откриените различни бои укажуваат дека може да има голем кратер, по што произлегла друга претпоставка дека Еријапо и Тарвос би можеле да бидат делови од Албиорикс по негов судар (по кој речиси се распаднал) со друго тело.[14]