Фенрир (месечина)
Фенрир (старонордиски: Fenrir) или Сатурн XLI (привремена ознака S/2004 S 16) — месечина на планетата Сатурн. Откриена е од Скот Шепард, Дејвид Џуит, Џен Клина и Брајан Марсден на 4 мај 2005 г. од набљудувања направени помеѓу 13 декември 2004 и 5 март 2005 г. Има привидна величина of 25,[4] што ја прави една од најслабите по сјајност во Сончевиот Систем, и откриена е со најголемите телескопи на светот.[1] Месечината е толку темна[5] што не успеало да ја забележи дури ни вселенското летало „Касини“ кога кружело околу Сатурн (и таму не достигнува привидна величина поголема од 17). Наречена е по џиновскиот волк Фенрир од нордиската митологија, татко на Хати и Скол, син на Локи, кому е судено да ги раскине своите окови за Рагнарок. Месечината има пречник од 4 км[4] и кружи околу Сонцето на просечно растојание од 22.454 Мм за период од 1.260 дена со наклон од 163° кон еклиптиката (143° кон Сатурновиот екватор) и занос од 0,136. Орбитата ѝ е повратна: кружи околу Сатурн во насока обратна од сопственото вртење, што укажува на тое дека оваа неправилна месечина била зафатена од Сатурн.[6] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia