Прометеј (месечина)
Прометеј — месечина на Сатурн, откриена во 1980 година на снимки снимени од „Војаџер 1“, кој го носи името на титанот Прометеј од староеленската митологија. Дадено му е привременото име 1980 S 27 во 1985 год. за да биде востановено во Прометеј. Како алтернатива се користи и името Сатурн 16. Месечината е со неправилна форма, размерите му се 148 на 100 на 68 км. На површината има неколку гребени и долини, како и мноштво кратери со пречник околу 20 км. Иако има помалку кратери отколку на соседните Пандора, Епиметеј и Јанус. Поради ниската густина и високото албедо целата површината е лед и има ретка структура. Прометеј е пастирска месечина, и се наоѓа во внатрешната страна на F-прстенот. Снимките на Касини покажуваат, дека гравитацијата на месечината е забележителна и дека месечината зема материјал од прстенот. ПоврзаноГалерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia