Полидевк (месечина)
Полидевк, или Сатурн XXXIV, е мал природен сателит на Сатурн кој е коорбитален со месечината Диона и се наоѓа околу нејзината задна Лагранжова точка (L5). Нејзиниот пречник се проценува дека изнесува 2 до 3 км. Другата коорбитална месечина на Диона е Елена, која е поголема и се наоѓа на предната точка L4.[5] Полидевк била откриена од страна на Касини тимот задолжен за сликање Архивирано на 20 мај 2011 г. на 24 октомври 2004 годин,[6] на сликите направени на 21 октомври 2004 година,[7] [8] и ѝ дале привремена ознака S/2004 С 5 . По прегледувањето на сликите од Касини ја забележале месечината Полидевк на сликите направени уште на 9 април 2004 година.[6] Од четирите познати Лагранжови коорбитали во системот на Сатурн („тројанска месечина“), Полидевк лута најдалеку од својата Лагранжова точка: неговото растојание зад Диона варира од 33,9° до 91,4° со период од 790,931 дена (за споредба, L5 ја следи Диона на 60°). [3] Либрацијата на Полидевк е доволно голема за да има некои своства на полноглавска орбита, што се потврдува со јасната асиметрија меѓу излетите кон и од Диона. Во текот на еден таков циклус, орбиталниот полупречник на Полидевк исто така варира за околу ± 7660 км во однос на Диона.[6] Името Полидевк било одобрено на 21 јануари 2005 година од Работната група на МАС задолжена за именување на планетарни системи.[9] Во грчката митологија, Полидевк е друго име за Полукс, брат близнак на Кастор, син на Зевс и Леда. Поради гравитациското дејство со Диона, нејзината површина може да биде во хидростатичка рамнотежа. но не и нејзината внатрешност, слично како што Метона е во хидростатичка рамнотежа поради интеракциите со Мимант. ![]() </br> Polydeuces · Helene · Dione · Saturn ПоврзаноЗабелешкиНаводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia