Темида (претпоставена месечина)![]() На 28 април 1905 г., Вилијам Пикеринг, кој седум години пред тоа ја открил Феба, го објавил откривањето на десеттиот сателит на Сатурн, и веднаш го нарекол Темида. Фотографските плочки на кои наводно се појавил, тринаесет на број, биле од периодот меѓу 17 април и 8 јули 1904 година. Сепак, ниту еден друг астроном никогаш не го потврдил постоењето на Темида. Пикеринг се обидел да пресмета орбита, која покажала прилично висока наклонетост (39,1° кон еклиптиката), прилично голема ексцентричност (0,23) и голема полуоска (1.457.000 км) нешто помалку од онаа на Хиперион. Периодот наводно бил 20,85 дена, со напредно движење.]] Пикеринг го проценил пречникот на 61 км, но бидејќи ѝ дал приближен пречник колку и на Феба (сметал дека таа има пречник 68 км), тој очигледно го преценил албедото; ако денес е познато дека Феба има пречник од 213 км, тогаш Темида би требало да има пречник од 200 километри. ![]() Било чудно што, во април 1861 година, и Херман Голдшмит верувал дека открил нов сателит на Сатурн помеѓу Титан и Хиперион, кој го нарекол Хирон. Хирон исто така не постои (но, името било искористело многу подоцна за да се именува кометата / астероидот 2060 Хирон). Пикеринг добил Лаландова Награда од Француската Академија на Науките во 1906 година за неговото „откривање на деветтиот и десеттиот сателит на Сатурн“. Десеттиот (вистински) откриен сателит на Сатурн (по редослед на откривање) бил Јанус, кој бил откриен во 1966 година и потврден во 1980 година. Неговата орбита е далеку од наводната орбита на Темида. Има и астероид наречен 24 Темида . Темида во научната фантастика
Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia