Феба (месечина)

Феба сликана од Касини

Фебанеправилна месечина на Сатурн позната и по името Сатурн IX.

Феба била откриена во 1898 година од страна на Вилијам Хенри Пикеринг и до 2000 година се сметало дека е единствената надворешна месечина на Сатурн. Феба има долг орбитален период и се движи по многу закосена орбита - особеност на надворешните месечини. Орбитата на Феба е закосена за 175,3° и затоа се движи наназад (наназад во споредба со повеќето месечини). Половина од надворешните месечини се движат на овој начин. Феба е многу голема надворешна месечина; другите најчесто имаат пречник од само 20 километри. Снимките на „Касини“ покажуваат дека станува збор за тело богато со мраз, обвиткано со тенок слој од темен материјал.

Користена литература

  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya