Атанасие Урошевиќ
Атанасие Урошевиќ (Гнилане, 1898 - Белград, 1992) ― југословенски антропогеограф, етнолог и картограф. ЖивотописАтанасие Урошевиќ бил роден во 1898 година во Гнилане во Oтоманското Царство. Дипломирал во 1926 година. Тој докторирал на темата „Горна Морава и Изморник” во 1929 година, на Филозофскиот факултет во Скопје. На факултетот работел до 1941 година. За време на Втората светска војна, до 1945 година, бил воен заробеник во Германија. Во 1946 година, од страна на Владата на Народна Република Македонија бил повикан од Белград, за да биде професор на Катедрата по географија на Филозофскиот факултет во Скопје со задача да ја организира работата на Катедрата за географија, така што како раководител на Катедрата и нешто подоцна на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, останал до неговото пензионирање во 1964 година. Во 1978 година, бил избран за редовен член на САНУ. Главни научни и образовни занимања му биле антропогеографијата, етнологијата и картографијата. Бил основач на Географското друштво на Македонија и на списанието Географски разгледи. Починал во 1992 година во Белград.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia