Часлав Стојадиновиќ
Часлав Стојадиновиќ (Бела Црква, 1904 – Скопје, 1986) — српски и југословенски геоморфолог. ЖивотописРоден на 12 јануари 1904 година во Бела Црква, Кралство Србија. Завршил Филозофски факултет во Белград. За учебната 1929/30 година бил распореден на работа во битолската гимназија каде останал до 1941 година. За време на Втората светска војна во 1941-45 година, тој предавал во нишката гимназија. Во периодот од 1945-1949 година се преселил во Зрењанин, Војводина. Таму работел на проектот „Дунав–Тиса–Дунав“. Во учебната 1948/49 година. Дошол на Филозофскиот факултет во Скопје како предавач на Катедрата за географија по предметот геоморфологија. Овој предмет го предавал до пензионирањето во 1970 година. Стигнал до знањето вонреден професор. Во периодот 1957-1961 година, бил претседател на Македонското географско друштво. Умрел во 1986 година во Скопје.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia