Мирјана Ѓорѓиева
Мирјана Ѓорѓиева (20 март 1956 година, Драмче - 2002, Скопје) ― македонски геолог. ЖивотописМирјана Ѓоргиева била родена на 20 март 1956 година во Драмче, Делчевско. Основно училиште и гимназија завршила во Штип во 1974 година. Дипломирала на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, на Групата за хидрогеологија во 1980 година. Во 1980 година, се вработила во Рударско-топилничкиот комплекс ФЕНИ во Кавадарци, каде што работела како приправник и самостоен инженер за хидрогеологија на рудникот ’Ржаново. Во 1984 година, се вработила во Геолошкиот завод во Скопје, а во 1988 година, се вработила на Институтот за географија при ПМФ како помлад асистент, а во 1992 година, била избрана за асистент. Магистрирала на Рударско-геолошкиот факултет во Белград во 1992 година. Докторирала во 1996 година, на темата „Геотермални ресурси во вардарската зона и српско-македонската маса на територијата на РМ”. Во 1997 година, била избрана за доцент, а во 2002 година, за вонреден професор на Институтот за географија при ПМФ. Студиски престојувала во Грција, Исланд и на Хаваи. Научната работа е од доменот на регионалната геологија, хидрогеологијата и геотермалната енергија. Има објавено околу 50 научни и стручни трудови во Македонија и странство. Била член на Македонското геолошко и Македонското географско друштво. Починала во 2002 година.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia