Велимир Ј. Костовски
Велимир Ј. Костовски (Девич, 23 октомври 1922 – Битола, 1984) ― македонски-југословенски географ. Живот и дејностГимназија завршил во Прилеп. Дипломирал на скопскиот Филозофски факултет, на Природно-математичкиот отсек, во групата географија во 1950 година, како студент на првата генерација. Потоа до 1954 година, работел како професор по географија во Велес а потоа во Битола (1954/55-1963/64), Во периодот од 1958/59 година, бил назначен за околиски просветен инспектор по предметна настава. Учествувал во образувањето на Географската секција во Битола во 1956 година, и бил прв нејзин претседател. Се занимавал и со метеорологија, спелеологија и астрономија. Од 1964 година, до неговата смрт, бил професор на Педагошката академија. Напишал околу дваесетина трудови, 4 учебници и читанки по географија за VI и VII одделение и I за II година гимназија. Бил еден од иницијаторите за создавање на Друштвото за наука и уметност во Битола (ДНУБ) и бил негов активен член. Работел на докторска дисертација за областа Демир Хисар, но прераната смрт на 22 јануари 1984 година, го спречило да ја оствари неговата животна желба.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia