Васил Граматниковски
Васил Граматниковски (роден на 15 јануари 1934 г. во Љубојно) ― поранешен редовен професор на Институтот за географија при ПМФ. ОбразованиеОсновно образование завршил во Љубојно, а гимназија во Битола во 1956 година. Студирал на Институтот за географија при ПМФ од 1956-1960 година. Последипломски студии од областа на аграрната географија завршил на Филозофскиот факултет во Љубљана во 1968 година. Во 1974 година, докторирал на Географскиот институт на ПМФ во Скопје, на темата „Природно географските и социоекономските процеси во Преспанската Котлина како фактори што го условуваат идниот стопански развиток на котлината”.[1] КариераВо 1962 година, тој бил избран за асистент на Географскиот институт на ПМФ во Скопје. Потоа, бил предавач по предмети од стопанската географија. Во 1975 година, бил избран со звањето доцент, додека во 1980 година станал вонреден професор. Во 1985 година, Граматниковски бил унапреден како редовен професор по предметот општа стопанска географија. Во контекст на стручно усовршување на стопанската географија претстојувал во Варшава, Минхен, Љубљана. Бил шеф на Географскиот институт.[1] Трудови и наградиИма објавено 74 труда. Има добиено Орден на трудот со златен венец.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia