Бара (село)
Бара — историско село во Скопско, денес на територијата на Општина Арачиново. Географија и местоположбаСелото било сместено на северните падини на Скопска Црна Гора, денес во атарот на с. Мојанци. Местото лежи на надморска височина од 784 м недалеку од атарската граница со с. Никуштак во кумановската Општина Липково. ИсторијаВо XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 30 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 92 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 198 жители.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бара имала 120 жители, сите Арнаути[3] муслимани.[4] Во 1913 година, селото биле заведено како напуштено. Било дел од Општина Брњарци. На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Баре (Bare) како албанско село.[5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia