Мојанци (Скопско)
Мојанци — село во Скопскиот Регион и второ по големина село во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на рамничарските предели на северна Скопска Котлина, или на јужните граници на Скопска Црна Гора. Оддалечено е 15 километри североисточно од Скопје. Во повисоките делови на атарот се наоѓало поранешното село Бара, напуштено некаде помеѓу двете светски војни. ИсторијаВо XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Мојанце и било муслиманско, со 17 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи муслимани, со 17 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 200 жители.[2] Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Мојанци живееле 120 жители, од кои 30 Македонски христијани и 90 Арнаути[3] муслимани. Во 1913 година, во селото биле евидентирани 185 жители. Било дел од Општина Брњарци. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[4] ДемографијаСпоред статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Мојанци имало 120 жители, од кои 90 Албанци и 30 Македонци.[5] На пописот од 2002 година, селото имало 2.325 жители. Следува табела на националната структура на населението:[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[7]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Мојанци има 2.912 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
РодовиМојанци е албанско село. Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 2338 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[10] ИселеништвоПостари македонски иселеници од селото имало во Арачиново (Велковци, Кузманови и Јаќимовци). Но и од таму се иселени. Некои македонски родови во 1878 година, во текот на Српско-турската војна се преселиле во Србија.[9] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia