Општина Арачиново
![]() ![]() Општина Арачиново — општина во северниот дел на Македонија основана во 1996 година со седиште во Арачиново. Се состои од четири села: Грушино, Мојанци, Орланци и Арачиново.
ДемографијаОпштина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје (околу 12 км од главниот град на Македонија). Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Орланце и Мојанце. Низ општината поминува регионален пат што ги поврзува Скопје со Куманово и Липково. Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 12.676 жители, 2.848 домаќинства и 2.815 станови.[2] Етничка припадност
Вероисповед
Мајчин јазик
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци. Општествени установиВо рамките на општината е и основното училиште „Скендербег” со повеќе од 1000 ученици.
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Арачиново е Миликије Халими од редовите на СДСМ. Таа е избрана на локалните избори од 2017 година за мандатот од 2017 до 2021 година и воедно е првата жена градоначалник на оваа општина и прв градиначалник од редовите на СДСМ.[3] Советот на општина Арачиново е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 9 места ДУИ: 3 места АА: 2 места БЕСА: 1 место Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia