Бостанџиовци
Бостанџиовци — поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало во областа Голема Преспа и денес е маало на Р’мби. ИсторијаБостанџиовци било македонско село, кое многу подоцна станало албанско. Се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Боштани, хас на падишахот, со 16 христијански семејства и 16 ергени христијани.[1] При крајот на XVIII или почетокот на XIX век власта тука доселила Албанци[2] Во XIX век Бостанџиовци било албанско село во Долнопреспанската нахија на Битолската каза. За време на Илинденското востание во 1903 г. Бостанџиовци е нападнато од македонски чети. Со време селото станало маало на Р’мби. За време на Првата балканска војна селото е окупиарно од грчка војска, а по Втората балканска војна Бостанџиовци влегло во состав на Грција. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор, населението како муслиманско било принудено да се исели во Албанија, а на негово место се доведени 8 грчки семејства од Кавказ.[3] Со егзодусот на Македонците од Р’мби, овие на овие семејства им бил доделен нивниот имот во главнината на селото.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia