Селото се наоѓа 43 км југозападно од Лерин и 29 км северно од Костур. Лежи на северното подножје на планината Орлово во областа Корешта, на надморска височина од 880 м. Покрај самото село тече Брезничка Река.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брезница се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 102 куќи.[8]
На почетокот на април 1908 г. турската власт извршила рација за претрес на селото, подложувајќи го населението на измачувања и насилство.[13]
Припојување кон Грција
Одликување на војници на Антантата во Брезница како примаат одликувања од генералот Адолф Гијома, 1918 г.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 761 жител.[3] Во 1927 г. грчките власти ја преименувале Брезница во Ватохорион. Пописот од 1928 г. вели дека во имало 605 жители.[3]
Брезница многу настрадала во Граѓанскатата војна, па добар дел од населението се иселило во Р Македонија и источноевропските земји.[3] Покрај тоа, во 1960-тите години селото го зафатил масовен бран на иселување во прекуокеанските земји[3] и затоа денес населението е многу мало во однос на тоа пред Граѓанската војна.
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
770
75
?
89
54
51
34
23
24
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брезница, каде е единственото населено место.
Стопанство
Во селото се одгледуваат разни земјоделски култури и особено квалитетен грав.[3]
Личности
Андон Жајков (Αντώνιος Ζάικος) — гркомански андарстски деец, убиен или изгорен жив со синот Лазар (Λάζαρος), исто така андарт[15]
Јован Жајков (Γιάννης, Ιωάννης Ζάικος) — гркомански андартски деец[17] од втора класа, довереник на Германос Каравангелис и Коте Христов, син на Андон и брат на Лазар, учесник во месниот грчки комитет [15]
Кано Тодоров Кочовски (?-1907) — деец на ВМОРО, водел битка со турската војска во селото, па се самоубил[18][19]
Кољо Косовски — деец на ВМОРО, војвода на центарска чета во Илинденското востание[20]
↑Македонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 47
↑Илюстрация Илинден, година ХІІІ, февруари 1941, книга 2 (122), с. 12.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 82.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001.