Рудари (село)
Рудник (грчки: Καλλιθέα, Калитеја; до 1928 г. Ρούδαρι, Рудари[2]) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 107 жители (2021). Сè до Грчката граѓанска војна било населено исклучиво со Македонци.[3] ГеографијаСелото е сместено во областа Голема Преспа 38 км северозападно од градот Лерин. Лежи во подножјето на планината Бела Вода, на околу 3,5 км од Малото Преспанско Езеро. Атарот зафаќа површина од околу 15 км2, од кои дел отпаѓаат на плодно рамничарско земјиште, дел на ридско-планински предели прекриени со листопадна шума, а дел на големи високопланински пасишта со квалитетна трева.[4] Низ атарот тече потокот наречен Рударска Река, кој потоа тече на северозапад, па свртува во западен правец и се влева во Малото Преспанско Езеро крај некогашното село Опаја (Опаа). ТопонимијаОва е список на позначајните топоними во атарот на Рудари:[4] Позначајни топоними во атарот на Рудари, по азбучен редослед[4]
Б — Блатото, Бела Вода, Буче ИсторијаСреден векВо околината на Рудари има рушевини од средновековието наречени Калето и Кулата/Царев Кладенец.[5] Ова се остатоци од тврдина, каде е пронајдена и згура од топена руда,[4] што претставува сведоштво за рударското минато по кое е наречено селото. Во месноста Сињак има наоди од стари пари, градежен материјал и керамички предмети.[4] Во Отоманското ЦарствоСелото за првпат по име се споменува во османлискиот записник од 1568/69 г. за Горичката каза. Подоцна се јавува во 1638 г. во турски судски документ поврзан со продажбата на свила, а и во патописот на Јохан Хан од 1865 г.[4] На крајот на XIX век Рудари било чисто македонско село со две маала — Горно и Долно. Во селото работело народно основно училиште.[4] Црквата „Св. Петка“ е обновена во 1869 г.[5] Црквата „Св. Атанасиј“ е од XIX век.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели декаво 1873 г. Рударе (Roudaré) бил осело во Ресенската каза со 42 домаќинства и 110 жители Македонци.[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 270 Македонци христијани.[7][9] Сè до 1908 г. селото било во состав на беговски чифлик. Како едно од пореволуционерните села во регионот, Рудари учествувало во Илинденското востание со 30-члена чета на чело со војводите Вангел Ѓоргиевски (Ангелко Преспански) и Стојан Костов. Тука е роден и истакнатиот преспански војвода Ангел Андреев.[4] На 6 септември 1903 г. селото е нападнато и ограбено од турски аскер и башибозук, а убиени се 17 лица.[10]. Во сите борби против турските војски загинале вкупно 24 жители на Рудари.[4] Од ова село потекнува и Петко Јанкулов, учесник во Кресненското востание/ Следната 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[11] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Рудари (Roudari) имало 360 Македонци, сите под егзархијата.[7][12] Во овој период Боривое Милоевиќ го спомнува со 50 македонски куќи.[3] Покрај бугарската, во ова време работела и грчката пропаганда, на неколку наврати воведувајќи настава на бугарски и грчки место на македонски.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рудари се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[13] Припојување кон ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година имало население од 266 жители кое се зголемило на 337 лица во 1920 г.[3] Неколку рударци биле испратени како војници на боиштата во Мала Азија во Грчко-турската војна (1919-1922), од кои тројца загинале. Во 1928 г. селото е преименувано во Калитеја, што значи „добар поглед“.[14] Истата година селото броело 370 лица, а во 1940 г. во него живееле 379.[3] Според грчките жандармериски податоци од 1931 г. во Рудари живееле 376 македонојазични жители, од кои сите имале македонска национална свест. со исклучок на 10 лица, за кои властите сметале дека се чувствуваат како Грци.[7][15] Во овој меѓувоен период, грчките власти воделе жестока политика на денационализација и асимилација на населението, придружена со забрани и казни.[4] Во Втората светска и Грчката граѓанска војнаЗа време на Втората светска војна Буковик влегол во окупациската зона на Италија по капитулацијата на Грција во Грчко-италијанската војна. Во таа војна, на фронтот во Албанија биле мобилизирани 17 рударци. По капиулацијата на Италија во 1943 г. Рудари станало слободна територија на НОАВМ и ЕЛАС. Во март истата година во селото престојувал битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ (битолско-преспански), а во февруари 1944 г. и дел од леринскиот одред „Бигла“.[4] За време на Грчката граѓанска војна селото наполно настрадало и неговото население пребегало во Р Македонија и во источноевропските земји. Во 1951 г. Рудари се води како напуштено. Подоцна во него се вратиле дваесетина жители кои биле засолнети во околните места, а властите довеле 45 семејства Власи од Епир.[3] Повоен периодПо доселувањето на епирските Власи, селото станало етнички мешано, со значајно дојденско мнозинство. Во 1961 г. имало 287 жители кои во 1971 опаднале на 210, а во 1981 г. на 170 жители. На пописот од 1991 г. Рудари имало 177 жители[3] кои во 2001 г. станале 160, но опаднале на само 117 во 2001 г. Според истражување од 1993 година селото е мешано влашко-„словенојазично“ (т.е. македонско).[16] РодовиМакедонците во Рудари се потомци на следниве стари семејства: Андрејчини, Бегачевци, Бегалецевци, Близнаковци, Богоевци, Граматниковци, Геровци, Димовски, Ѓоргиовци, Јанкуловци, Јанковци, Кајчевци, Колевци (Јанковци), Колевци (Богоевци), Костовци, Мијаловци, Мустаковци, Стерјовци, Србовци, Толевци и Фотевци.[4] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
ЦрквиВо селото постојат следниве цркви:[4]
Традиционална селска слава е Света Петка Летна. СтопанствоСелото се смета за богато. Највеќе се одгледуваат житото, гравот и леќата.[3] Традиционално, селото се заимавало со полјоделство, занаетчиство сточарство и печалбарство. Најзастапени култури биле житото (’рж, пченица, јачмен, освес, уров, просо, пченка), зеленчукот и лозјата. Сточарстовот било исклучително развиено и се одгледувал најразновиден добиток. Најразвиени занаети биле ѕидарството и дрводелството, по кои селаните биле познати во регионот.[4] Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia