Опаја
Опаја или Опаа (грчки: Οπάγια, Опаја) — поранешно преспанско село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Преспа, во областа Западна Македонија. Селото се распаднало уште пред Балканските војни заради надојдените води[1]. Географија и местоположбаДреново е сместено на североисточниот брег на Малото Преспанско Езеро, меѓу селата Штрково, Медово и Рудари. Селото се наоѓа на надморска висина од 993 м. Атарот на селото влегува во составот на општината Штрково. ТопонимиОва е список на позначајните топоними во Опаја и околината:[2] Бакојца, Градината, Келепурица, Короите, Корубина, Матица, Маторица, Орман, Патреа Чезма, Перово, Ракидје, Реката, Свети Никола, Сињак, Слого. ИсторијаСелото се раселило пред Балканските војни заради надојдените води. Неговите жители се преселиле во соседните села Штрково и Рудари[1]. ДемографијаНа почетокот на XX век според К’нчов селото броело 60 жители, а имало 15 македонски куќи. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Опаа се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia