Дреново (Преспа)
Дреново (грчки: Κρανιές, Краниес, до 1926 Δρένοβο, Дреново[1]) — раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Преспа, во областа Западна Македонија. Со пописот од 1961 година селото е избришано од официјалната евиденција.[2] Географија и местоположбаДреново е сместено на југоисточниот брег на Малото Преспанско Езеро, во непосредна близина на селото Л’нки. Селото се наоѓа на надморска висина од 880 м. На источната страна на селото се наоѓа планината Голина (дел од планината Врба). ТопонимијаОва се позначајните топоними во атарот на Дреново:[3] Веља, Водици, Врба, Гамила, Главките, Голина, Гонецо, Горбец, Горна Лачица, Горна Липица, Гривите, Ѓуро Кошара, Докша, Долна Лачица, Долна Липица, Дреново, Дреновско, Изворо, Капеница, Козјак, Кокоша Нива, Лазоите, Љубражда, Мали Ор, Мало Езеро, Орејчината, Осоо, Присоо, Ресата, Рид, Свети Илија, Странгите, Стрежоо, Умарица, Филаќето, Школото. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Дреново било македонско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 70 жители, сите Македонци.[4][5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреново се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6] Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреново живееле 104 Македонци.[4][7] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. Дреново било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 124 жители.[2] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Дреново се состоело од 15 македонски христијански куќи.[8] Селото целосно настрадало во Грчката граѓанска војна при што 28 семејства со 152 души пребегнале во Република Македонија и останатите источноевропски земји, а на преостанатите 27 души не можеле да се вратат во селото бидејќи властите забраниле обнова на селото, па се населиле во соседното село Л’нки.[2] НаселениеМеѓу двете светски војни од селото 8 лица емигрирале во прекуокенските земји, 1 лице во Бугарија и 2 во Албанија. Движењето на населениото по години е следното[2]:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia