Шаовци
Шаовци (грчки: Σιάκι, Сјаки) — раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Преспа, во областа Западна Македонија. Со Грчката граѓанска војна селото се распаднало[1]. Географија и местоположбаСелото се наоѓало во областа Голема Преспа, во подножјето на Бела Вода и Елата, разграноци на Баба). Близу остатоците од него течат Стара Река и Горна Река. ДемографијаНа почетокот на XX век според К’нчов селото броело 125 жители, а Милоевиќ наведува 15 албански куќи. Во пописите од 1913 и 1920 година било регистрирано како дел од селото Герман. Во 1924 година Албанците се иселиле во Албанија. По нивното иселување во селото се населиле грчки семејства од Понд. Во Граѓанската војна селото се распаднало, а по војната жителите се преселиле во селото Герман кое било напуштено од многубројни македонски семејства. Движењето на населениото по години е следното[1]:
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia