Бошњачко Село
Бошњачко Село — историско село на територијата на Општина Босилово, Струмичко, денес во атарот на Штука.[2] ГеографијаСелото се наоѓало на јужните падини на Огражден, северно над селата Штула и Иловица.[2] ИсторијаСелото е основано од отоманската држава во 1878 г. за Бошњаци побегнати од Босна кога со тој крај завладеала Австроунгарија. Жителите е занимавале претежно со сточарство и малку земјоделство. Огледувале овци и друга стока, а особено било развиено одгледувањето на коњи. Кога се населиле говореле само српски, а подоцна мажите научиле и турски. Дојденците не се снашле, жалејќи се на доделените пасишта, обработливи површини и шуми. Со повлекувањето на турската војска за време на Првата балканска војна во 1912 г. целото население се преселило во Турција. Атарот на селото е припоен кон атарот на Штука.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia