Драгомирово
Драгомирово — историско село во Струмичко, денес на територијата на Општина Босилово, недалеку од Струмица. ГеографијаСелото се наоѓало во Струмичкото Поле на патот Струмица - Берово, меѓу селата Дабиље и Петралинци.[2] Низ местото поминува реката Турија, околу 1,5 км од нејзината растока со р. Азмак. Пподрачјето на некогашното село денес е во атарот на с. Босилово. ИсторијаВо XIX век Драгомирово било мало село во Струмичката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Драгомирово (Dragomirovo) се води како село со 20 домаќинства и население од 71 Македонец.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 195 жители Македонци христијани.[3][5] На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгомирово (Dragomirovo) имало 160 Македонци и 12 Роми.[3] Имало училиште со 1 учител и 12 ученици.[6] Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia