Штука (село)
Штука — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица. Географија и местоположбаШтука се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во источниот дел на Општина Босилово, на 15 километри од градот Струмица. Селото се наоѓа на планината Огражден. Надморската височина во селото е 290 метри, додека селото зафаќа површина од 16,4 км2. Од нив, 251 хектари се обработливо земјиште, 1.334 хектари се шуми и 25 хектари се пасишта[2] ИсторијаРан период![]() На просторот на денешна Штука имало живот уште во предримско време. Тоа го потврдува пронајдената гробна могила од хеленистичкиот период. Во наоѓалиштето Тумба, блиску до селото е откриена и населба од доцноантичко време и од средниот век, а во наоѓалиштето Црквиште се откриени тврдина од доцноантичко време и римохристијанска базилика (црква). Зборот „Штука“ на местен дијалект значи „вдлабнатина“, „дол“ (во долина). Од самата локација на населбата во долина се претпоставува дека е изведено и името на селото Штука. Според народното предание некогаш овие простори биле исполнети со вода, имало блато. Ѓолската вода била богата со риби. Најмногу ја имало рибата штука, која селаните ја ловеле со кошеви, па дури и со рака, особено во летните месеци кога таа излегувала во плитките води. По изобилството на рибата штука, според легендата населбата што се наоѓала крај блатестото езеро ја нарекле Штука[3]. Од една повелба од 1328 година, со која се потврдува Хрељовото подарување на земји од Струмичко на Хилендарскиот манастир, се гледа дека до ова време како ситни феудалци (пронијари) во селото Штука биле „пронијарите грчки Тутко, Осан, Ласкар и Сидерофан“, кои со припаѓањето на овие села на Хилендар, биле истерани од нив[4]. Отоманско ЦарствоВо XIX век Штука било село со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Штука било село со 20 семејства, сите Македонци[5][6]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 105 жители Турци[7]. ЈугославијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, муслиманското население започнало да ги напушта своите домови, додека на нивно место биле населени македонски бегалци од Егејска Македонија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. По крајот на Втората светска војна, Штука била вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ. МакедонијаПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово. Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 781 жител, сите Македонци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 590 жители, од кои 561 Македонец и 29 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1826 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 729 гласачи.[16] На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 722 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Личности
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia