Стара Гечерлија
Стара Гечерлија (или само Гечерлија) — историско село на територијата на Општина Босилово, Струмичко, денес во атарот на поновото село Гечерлија. ГеографијаСелото се наоѓало во подножјето на Огражден, меѓу Чанаклија и Хамзали, на 3 км северно од денешното село Гечерлија (Нова Гечерлија).[2] ИсторијаВо Османлиското ЦарствоСпоред Манол Пандевски и Ѓорѓи Стоев, кои се повикуваат на името на селото и неговото историско муслиманско население, селото Гечерлија настанало во османлиско време.[3] Во XIX век селото било чисто турско. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гучерља (Gutcherlya) е село со 15 домаќинства сочинети од 34 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Гечерли има 450 жители, сите Турци.[5] Во предвечерието на Балканските војни (1912 – 1913) селото имало околу 80 куќи и една џамија.[2] По избувнувањето на Првата балканска војна на 21 октомври 1912 г. селото е преземено од ВМОРО.[6] За време на Балканските војни муслиманското население е иселено.[7] Во Бугарија и ЈугославијаВо иселеното село се населиле Македонци христијани пребегани од Кукушко.[8][9] Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 г. селото станало дел од Царството Бугарија. Новите жители на селото биле поделени на православни и католици унијати и имаат посебни свештеници.[10] Православните биле побројни. Џамијата во селото е претворена во црква.[2] Со Нејскиот мировен договор од 27 ноември 1919 г. е решено селото да влезе во Кралството СХС, што се случило во 1920 г. Според пописот од 1921 г. селото имало 43 домаќинства сочинети од 219 жители.[2] На почетокот на јануари 1924 г. во месноста Куковица (или Кукавица) на Огражден се одиграле битки помеѓу четници на ВМРО и српски сили. Според Јован Трифуноски од редовите на четниците загинале двајца селани. Според Димитар Галев од редовите на контрачетниците загинал Турчин од Нова Маала. По оваа борба селото е нападнато од властите. Разни жители на селото се убиени и тепани. Власта го пали селото и жителите останале без имот. Тогаш селото е иселено. Селаните се иселиле во градот или во други струмички села, а еден дел се преселиле во Бугарија.[2][11] Во 1935 г. во Струмичкото Поле е основано денешното истоимено село Гечерлија како населба на српски колонисти.[12] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia