Себастијан Коатес
Себастијан Коатес Нион (роден на 7 октомври 1990 во Монтевидео) — уругвајски фудбалер, играч од одбраната на Насионал Монтевидео. Во периодот 2011-2023 играл за уругвајската репрезентација, за која забележал 51 настап и 2 гола. БиографијаКоатес е роден во Монтевидео. По неговата таткова страна, тој е од шкотско потекло, иако неговото семејство не зборува англиски.[1] Технички карактеристикиЦентрален дефанзивец со моќни физички предиспозиции, одлично чувство за позиционирање, добар во играта во воздхот и во изградба на нападите на својот тим.[2] Клупска кариераКоатес ја започнал својата кариера во екипата на Насионал Монтевидео, во која се приклучил на возраст од 11 години и во која напредувал низ сите младински категории играјќи како капитен во секоја од нив. Првиот професионален договор со клубот го потпишал во 2009 година, откако наполнил 18 години, и оттогаш започнал да игра за првиот тим. Својот прв настап како професионален фудбалер го имал против Бела Виста, а по натпреварот уругвајскиот весник Ел Паис го прогласил Коатес за играч на натпреварот. Во текот на трите сезони проведени во Насионал, вкупно за клубот одиграл 92 натпревари и постигнал 8 голови, освојувајќи и две титули во уругвајското првенство. ![]() Во август 2011 година Ливерпул покажал силен интерес да го доведе Коатес во својте редови. На 30 август, откако му била издадена работна дозвола тој потпишал повеќегодишен договор со англискиот клуб, во трансфер вреден околу 8 милиони евра. За црвените дебитирал на 18 септември во натпреварот против Тотенхем, заменувајќи го повредениот Даниел Агер во 27-мата минута, во поразот на Ливерпул со 4-0.[3] Својот прв натпревар како стартер го забележал три дена подоцна, во победата со 2-1 над Брајтон во Лига купот.[4] Тој одиграл три натпревари за клубот во ова натпреварување, кое на крајот завршило со победа на Ливерпул и така Коатес го освоил својот прв трофеј како играч на клубот од Енфилд. Својот прв гол во дресот на Ливерпул го постигнал на 21 март 2012 во натпреварот против Квинс Парк Ренџерс на Лофтус Роуд.[5] Првата сезона во клубот ја завршил со 12 настапи (7 во првенството, 2 во ФА Купот и 3 во Лига купот) и еден постигнат гол. На почетокот на неговата втора сезона во Ливерпул, Коатес заработил повреда на коленото играјќи за својата репрезентација во пријателски натпревар против Јапонија во август 2013 година, која го оддалечила од теренот во поголемиот дел од сезоната 2013-2014.[6] Не можејќи по повредата да конкурира за редовено место во тимот, тој се вратил во Насионал на позајмица во вториот дел од сезоната како би ги сочувал шансите да избори место во репрезентацијата на Уругвај за Светското првенство 2014.[7] ![]() На 1 септември 2014, Коатес бил позајмен на Сандерленд до крајот на сезоната 2014-2015, каде тренер му бил неговиот сонародник Густаво Појет.[8] За црните мачки дебитирал на 23 септември играјќи како стартер во третото коло на Лига купот, против Стоук Сити на Стадионот на светлината. На полувремето, тој бил заменет од Патрик ван Анхолт, а Сандерленд загубил со 1–2.[9] Неговиот прв лигашки натпревар го имал на 3 декември, играјќи ги комплетните 90 минути во поразот со 1–4 на домашен терен од Манчестер Сити.[10] Откако Појет бил отпуштен и заменет со Дик Адвокат, Коатес добил повеќе простор за игра. Тој ја одиграл секоја минута во серијата на Сандерленд од пет натпревари без пораз, која ги оддалечила од зоната за испаѓање и на крајот им обезбедила опстанок во лигата. Сезоната ја завршил со 19 настапи во сите натпреварување без постигнат гол. Во јули 2015, тој потпишал четиригодишен договор со Сандерланд, а трансферот го чинел клубот околу 2,5 милиона евра.[11][12] Тој забележал 18 настапи за англискиот премиерлигаш во првиот дел од сезоната 2015-2016, а потоа бил проследен на позајмица во португалскиот Спортинг Лисабон. Дебитирал за Спортинг на 8 февруари во ремито без голови против Рио Аве. Во првото коло од сезоната 2016-2017, Коатес го постигнал својот прв гол за лавовите со удар со глава по корнерот на Жоао Марио, во победата со 2-0 на домашен терен над Маритимо.[13] На 14 септември 2016, дебитирал во УЕФА Лигата на шампионите во натпреварот од групната фаза Реал Мадрид-Спортинг 2-1 на Сантјаго Бернабеу.[14] После добрите игри во лисабонскиот клуб, во кој играл константно во сезоната 2016-2017, во февруари 2016 година, Спортинг го откупил Коатес перманентно од Сандерленд за 4,72 милиона евра, потпишувајќи петгодишен договор со играчот.[15] Во сезоната 2017-2018, Коатес го освоил својот прв трофеј со клубот, откако Спортинг бил најдобар во Лига купот на Португалија; во финалето лавовите ја победиле Виторија Сетубал по изведување на пенали со 5-4 (1-1 во регуларниот дел), а Коатес бил еден од прецизните изведувачи за својот тим.[16] На 12 март 2018, Коатес го забележал својот 100-ти настап за Спортинг во победата со 2-1 на гостувањето кај Чавес. Во финалето на Лига купот на Португалија 2018-2019 на 26 јануари 2019 година, Коатес промашил удар од белата точка, но и покрај тоа Спортинг го победил Порто со 3-1 по изведување пенали и ја освоил својата втора титула едноподруго во Лига купот.[17] Четири месеци подоцна, во финалето на Купот на Португалија на 25 мај, Спортинг и Порто одново се сретнале и повторно победникот бил одлучен по изведување пенали откако натпреварот завршил 2–2; овојпат Коатес бил прецизен изведувач на ударот од белата точка помагајќи им на лавовите да победат со 5-4 и со тоа да ги освојат двата купа во истата сезона.[18] На 31 август 2019 година, Коатес направил три пенали и заработил црвен картон во поразот на Спортинг со 2–3 на домашен терен од Рио Аве. Интересно, сите три прекршоци биле над иранскиот напаѓач Мехди Тареми.[19] Во сезоната 2020-2021, Коатес бил капитен и клучен играч на Спортинг во освојувањето на Примеира лигата, првата првенствена титула на клубот во последните 19 години.[20] Тој бил пофален за водењето на бековската линија на клубот која во 20 натпревари не примила гол и примила само 20 гола на 34 натпревари; исто така, бил награден за Најдобар играч во Примеира лигата за сезоната 2020-2021. На 30 ноември 2023 година, во ремито 1–1 на гостувањето кај Аталанта во Лига Европа, Коатес го одиграл својот 343-ти натпревар во дресот на Спортинг, претекнувајќи го Андерсон Полга како странски играч со најмногу настапи за лавовите.[21] На 29 јануари 2024 година, тој го одиграл својот 350-ти натпревар за Спортинг, постигнувајќи и гол во првенствената победа со 8-0 против Каса Пиа, со што исто така станал најефикасниот дефанзивец во историјата на португалскиот клуб.[22] Репрезентативна кариера![]() Откако најпрво бил член на уругвајската репрезентација под 20 години тој бил повикан за првпат во сениорската репрезентација за првиот натпревар од КОНМЕБОЛ–КОНКАКАФ плејофот за пласман на Светското првенство 2010 против Костарика, каде тој сепак останал неискористена замена.[23] Своето деби за сениорската репрезентација на Уругвај го направил на 23 јуни 2011, во пријателски натпревар против Естонија, влегувајќи како замена во второто полувреме. Две недели подоцна се нашол на списокот на репрезентацијата за Копа Америка 2011, каде ги одиграл комплетните 90 минути во првиот натпревар на својата земја на турнирот против Чиле, во натпреварот што завршил нерешено 1-1 во Мендоса, Аргентина. Коатес ги одиграл и сите преостанати натпревари за својата репрезентација до крајот на турнирот (со исклучок на четвртфиналето каде морал да паузира заради парни жолти картони), на кој Уругвај ја освоил својата 15-та титула јужноамерикански шампион, а Себастијан бил прогласен за најдобар млад играч на ова натпреварување.[24] Потоа тој бил повикан од Оскар Табарес во Олимписката репрезентација на Уругвај за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[25] Тој ги одиграл сите минути на турнирот, на кој Уругвај не успеал да ја мине првата фаза. На Купот на конфедерации 2013 во Бразил, тој одиграл само два натпревари; влегувајќи како резерва во победата со 2–1 над Нигерија и стартувал во победата со 8–0 над Тахити двете во групната фаза, а Уругвај го завршил натпреварувањето на четвртото место. И покрај тоа што во сезоната 2013-2014 страдал многу од повреди, сепак тој се нашол на списокот меѓу 23-цата фудбалери на селекторот Табарес за Светското првенство 2014 во Бразил. Дебитирал на првенството во победата со 2-1 над Англија, заменувајќи го својот соиграч од Ливерпул, Луис Суарес во последните минути од средбата. Тоа бил неговиот единствен настап на тоа Светско првенство, а Уругвај бил елиминиран во осминафиналето. Следната година на Копа Америка 2015 во Чиле, Коатес играл во последниот натпревар на "Селесте" од групната фаза, ремито 1–1 против Парагвај, заменувајќи го капитенот Диего Годин кој бил суспендиран; Уругвај бил елиминиран во четвртфиналето на турнирот од репрезентацијата домаќин.[26] Четири години подоцна, Коатес бил во составот на Уругвај и за следното Светско првенство 2018 во Русија.[27] Хронологија на репрезентативните настапиКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 19 февруари 2024.
Титули![]() Клупски
Репрезентација
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia