Споменикот е наречен по митското место Валхала од нордиското паганство, кое претставува задгробно живеалиште на заслужните. Замислено е во 1807 г. од баварскиот принц-престолонаследник Лудвиг со цел да го поттикне обединувањето на разните германски држави. Лудвиг започнал со изградбата откако седнал на престолот, и истата траела од 1830 до 1842 г. под водство на архитектот Лео фон Кленце. Денес споменичката сала има вкупно 65 спомен-плочи и 130 бисти, опфаќајќи личности од изминатите две илјади години.
Во 1806 г. Наполеон ја издигнал Баварија од изборно кнежевство во кралство. Наредната година, нејзиниот 20-годишен престолонаследник Лудвиг добил желба да ги потсети сите Германци дека се еден народ со заедничко минато и идентитет. За таа цел, задолжил неколку вајари да направат бисти од низа славни личности од германските земји. Во 1807 г. се направени првите бисти, а следната година принцот почнал да прима предлози и од швајцарскиот историчар Јоханес фон Милер.
Доаѓајќи на власт, Лудвиг веќе имал 60 готови бисти и нарачал изградба на споменичко здание крај Дунав близу Регенсбург по пример на Партенонот во Атина. На фризот од јужната страна во релјеф е претставено создавањето на Германскиот Сојуз во 1815 г.; на северниот се сцени од Битката во Тевтобуршката Шума од 9 г. н.е..[2]
Споменикот е отворен на свеченост одржана на 18 октомври1842 г. и содржел 96 бисти, како и 64 спомен-плочи посветени на лица и настани чиј изглед не бил познат. Како истакнати претставници на германските народи или поточно „говорниците на германскиот јазик“ биле избрани 160 личности кои живееле и твореле во временски период од 1.800 години и во разни краишта на Европа како денешна Шведска, Австрија, Чешка, Полска, Велика Британија, Белгија, Холандија, Русија, Швајцарија и балтичките земји.
Додека митската Валхала е дом на јунаците славно паднати во битка, во својата „Валхала“ Лудвиг ги овековечил заслужни личности од секакви полиња на дејност и од обата пола. Во ова време, повеќе децении пред создавањето на германската држава, поимот „германски“ имал еквивалентно значење на поимот „словенски“ и немал конкретен национален предзнак. Затоа, меѓу чествуваните личности се вклучени и Готи, Лангобарди, Англосаксонци, Австријци, Холанѓани и швајцарски Германци, но и лица со општогерманско потекло кои се истакнале во земји каде не се говори германски. Изградбата на зданието чинела 4 милиони златници[3].
Посетеноста на паметникот доживеала голем пораст почнувајќи од 1933 г. поради организираните екскурзии на „Сила преку радост“ и други организации на националсоцијалистичката власт.
Како наследник на кралот, владата на Баварија решила да направи дополнувања во паметникот, давајќи ѝ на јавноста можност да дава предлози, под услов лицето да починало пред барем 20 години (во 1912 г. сменето на 40). Од отворањето до денес „Валхала“ е дополнета со само 31 биста на нередовна основа, доведувајќи го вкупниот број на 191, од кои дванаесет жени.
Во Минхен во 1853 г. кралот Лудвиг I сала на славните Баварци („Румсхале“), од кои деветмина потоа се префрлени во „Валхала“. Овие минхенски бисти настрадале во разорните бомбардирања од 1944 г. и на нивно место се поставени плочи на кои се објаснува префрлањето. Самиот крал Лудвиг I е овековечен во „Валхала“, како и во минхенската Салата на славните.
Список на личности
Спомен-плочи
Статуа на кралот Лудвиг I (бр. 63, 1890) — „таткото“ на Валхала.Фритигерн — поглавар на Визиготите (втора плоча од горе-лево)
Лицата и делата чиј изглед не е познат добиле спомен-плочи. Тие го опфаќаат периодот од Херман Херускерот наречен Арминиј (р. 17 г. п.н.е.) до часовничарот Петер Хенлајн (п. 1542). Во 2003 г. е додадена плоча во спомена на непознатите дејци на отпорот против националсоцијалистите.
дејци на Отпорот („Видерштанд“), додадени во 2003 г.
Бисти
Првичните бисти се поставени по временски редослед (годината на смрт), почнувајќи од саксонскиот војвода Хајнрих Птичарот (р. 876), па сè до писателот Гете (п. 1832).
Walhalla, official guide booklet, translated by Helen Stellner and David Hiley, Bernhard Bosse Verlag Regensburg, 2002
Eveline G. Bouwers, Public Pantheons in Revolutionary Europe. Comparing Cultures of Remembrance, ~ 1790-1840, Basingstoke 2012, pp. 161–212 (ISBN978-0-230-29471-4)
Adalbert Müller: Donaustauf and Walhalla (1846) на archive.org