Википедија:Археоекспедиции 2022
Во текот на 2022 година се организирани две археоекспедициja, со кои се опфатени следните области:
Одржани експедицииНеготинско![]() На 14 мај, во времетраење на целокупната експедиција од 08:00 до 16:00 часот, беше посетено Неготинско. Четири лица: Dandarmkd, археолог д-р Орданче Петров, StefanNiki123 и Кристијан Шутевски ги посетија населените места Неготино, Тремник и Војшанци и нивните археолошки наоѓалишта. Најпрво беше посетено наоѓалиштето Градиште кое се наоѓа на еден рид северно од Неготино, односно пред самиот влез пред гратчето. Следно на агендата беше да се посети селото Тремник. Првото посетено наоѓалиште беше Јака Чешма - Црквар. Тоа се наоѓа на југоисточниот раб на селото и е поделено на две целини - Јака Чешма која е самата чешма и римскиот аквадукт и е спроти селската црква „Св. Троица“, и Црквар која се наоѓа во дворот на црквата односно точно помеѓу црквата и гробиштата. Потоа бевме на некрополата и поранешната сакрална градба Романов/Орманков Гроб кој се наоѓа на 275 метри западно од селската чешма. На крај во Тремник ја посетивме утврдената населба Чаир - Градиште која на север од селото. Оттаму, се упативме кон Војшанци и го посетивме тамошното Градиште. Мора да се истакне дека на оваа експедиција, освен археолошки работи, беа фотографирани и/или уредени статии на Википедија за нешта што биле во непосредна близина на нас како што се тамошниот тек на реката Вардар, мостовите во Пепелиште и Војшанци, црквата во Тремник, ТЕЦ „Неготино“, панорами на Неготино, Пепелиште, Тремник и Војшанци. На 1 (4 подобрени статии), 3 (1 подобрена статија) и 6 јуни (1 подобрена статија), како и на 23 септември (статии) беа направени уредувачки потфати за статии поврзани со фотографираните поими.
ОхридНа 29 август, во времетраење на целокупната експедиција од 11:00 до 16:00 часот, беше посетен Охрид. Две лица: Dandarmkd и соучесник ги посетија археолошките наоѓалишта Караѓулевци и Видобишта кои воедно се прогласени и за споменици на културата. Најпрво беше посетена гробницата Караѓулевци кое се наоѓа веднаш на северозапад од Античкиот театар. Следно на агендата беше да се посети гробницата Видобишта која се наоѓа во истоимената населба во североисточниот дел на градот.
Немањици и МечкуевциНа 28 ноември, во времетраење на целокупната експедиција од 09:00 до 15:00 часот, беа посетени атарите на светиниколските села Немањици и Мечкуевци. Две лица: Dandarmkd и археологот Александар Нацев ги посетија археолошките наоѓалишта Алин Дол, Ветрен, Вреж, Градиште, Зелена Чукарка, Јокуш, Мишевска Воденица, Црквиште во Немањици и Градиште во Мечкуевци. Најпрво беше посетено Вреж кое се наоѓа веднаш покрај патот што ги поврзува Свети Николе со Немањици. Следно беше да се посети високото Градиште која се наоѓа во истоимениот рид. Трето беше Ветрен кое е на падините на Градиште. Потоа рутата одеше кон езерото Мавровица каде ги посетивме Алин Дол и Мишевска Воденица. Североисточно од езерото, едно спроти друго се Зелена Чукарка и Јокуш. Осмото посетено место беше Црквиште. Остана на крај мечкуевското наоѓалиште Градиште кое е источно од селото. Освен археолошки фотографии, беше фотографирано и непосредното езеро Мавровица. 71 фотографија беше закачена на Ризницата.
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia