ВикиПроект „Геоекспедиции“
|
|
|
|
Во текот на 2017 година се спроведени следниве геоекспедиции, со првична цел да се опфатат што повеќе географски забележителности на територијата на Македонија според нивните геоморфолошки (спеоелошки), хидрографски, орографски и останати одлики при што биле опфатени следните предели:
- Пештери во Скопско — еднодневна експедиција во еден дел; и
- Пештери и реки низ Мариово — еднодводневна експедиција во еден дел.
- Езера и врвови на Јабланица, Бистра и Шар Планина — еднодневна експедиција во повеќе делови.
- Пештери во Прилепско — еднодневна експедиција во еден дел;
Одржани геоекспедиции
Геоекспедициите се одржувани со главна цел за пронаоѓање, сликање и прибирање податоци на терен на дадена географска одлика и забележителност на територијата на Македонија, при што на одењето на терен покрај главните географски појави и објекти (пр. пештера, езеро, река) се опфаќаат и сите останати географски одлики кои се наоаѓаат на тоа подрачје (планини, ридови, врвови, реки, потоци, извори, села итн.). Специфичноста на посета и истражување на пештери и други помалку познати и ретки географски појави е таква, што често пати бара повеќе пати да се посети едно исто место заради не можност од прва да се најде местото и објектот, непогодени временски услови итн.
Геоморфологија (Спелеологија)
Првата геоекспедиција за пронаоѓање на 3 пештери на Сува Планина во Скопско, е спроведена на 10 март 2017 кога со претседателот на ПД „Трансверзалец“ од Скопје - Зоран Костадинов, кој воедно обезбеди и спелеолошка опрема и Слободан Трајковски, се пронајдени, посетени и истражени Бозгунова Пештера кај Патишка Река, Христијанова Пештера кај Јаболци и Светла (или Ледена) Пештера кај Нова Брезница. Поради технички проблеми со фотографскиот апарат, студеното облачно и врнежливо време и сликите од оваа посета биле со лош квалитет и сосема неупотребливи поради што, Корисник:Македонец (Марио Шаревски) потоа на 22 март сам со велосипед ја посетил Христијанова Пештера каде се направени триесетина слики со одличен квалитет, а на 09 април заедно со Александра Стајковска и Калин Марковиќ повторно ја посетиле Бозгунова Пештера каде исто така се направени десетици слики со добар квалитет. Во рамки на посетата на Мариово околу подготвителните активности за фестивалот Mariovo Off-Road Experience одржана на 25 и 26 март, Марио Шаревски заедно со Слободан Трајковски и во консултации со членовите на спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп, Дарко Неданоски и Марјан Темовски, била посетена и сликана Мелничката Пештера над раселеното село Мелница на патот кон Витолиште.
Пештери
Хидрографија
Реки
Езера
Блата и мочуришта
Орографија
Посетите за орографските истражувања на релјефот на Македонија, односно на планините, врвовите, месностите, но и некои хидрографски одлики како реки, извори или пак села, се одржувани најчесто во рамки на планинарскиот предизвик „12 Врвови“ кој опфаќа посета и искачување на помалку познати и посетувани планински врвови на различни планини на целата територија на Македонија во организација на ПД „Трансверзалец“ каде како иницијатор и организатор е вклучен и Корисник:Македонец (Марио Шаревски). Во рамки на посетата на Мариово на 25 и 26 март се направени и слики за планината Козјак и нејзиниот врв Панделе. Во текот на месеците јуни и јули, за потребите на обележување планинарска патека за Планинарски предизвик „12 Врвови“, четири пати се оствари теренски посети на планината Јабланица каде се сликани повеќе нејзини врвови и леднички езера, а во август двапати е посетена планината Бистра каде се сликани нејзини врвови и карстни полиња.
Планини и врвови
Села
Фотографии
Сите фотографии направени за време на геоекспедициите се достапни во следнава категорија:
Поврзано