Планинарски предизвик „12 Врвови“![]() Планинарски предизвик „12 Врвови“ — акција на планинарското друштво Трансверзалец којашто се состои од еднодневни походи со цел искачување на 12 врвови на територијата на Македонија. Предизвикот започнал во октомври 2016 година. Досега се завршени седум сезони и во тек е спроведувањето на осмата сезона. Акцијата е поддржана од здружението на граѓани Единствена Македонија, како и претпријатијата Алгасан и Диманго. ОписПредизвикот е осмислен по иницијатива на Марио Шаревски, кој во 2016 година ја превел и уредил книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од Ѓорче Петров, во која детално се опишани планините во Македонија.[1] Предизвикот опфаќа обележување и искачување на 12 „непознати и најмалку посетени“ врвови на различни планини во Македонија, а во него може да учествува секое полнолетно лице со добра физичка и психичка подготвеност за целодневни планинарски походи. Учесниците кои ќе се искачат на сите 12 врвови во рамки на предизвикот, покрај значка и признаница, ќе добијат и примерок од споменатото дело на Ѓорче Петров.[2] Тематиката за искачување на врвовите по целата територија на Македонија може да биде од различен карактер и да се однесува на: географските појави во близина на врвовите како леднички езера, водопади, извори, културно-историското значење на врвовите како археолошки ископини, познати во народното творештво и историјата по некој настан, како и биоразновидноста односно застапеноста на ретки растителни видови во околината на врвот.[3] Список на врвовиИзборот на врвови е извршен врз основа на нивното значење како највисоки, историски, езерски и биоразновидносни.[1] Врвовите кои се дел од предизвикот се следните:[2]
ПовзаноБелешки
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia