Витачишта
Витачишта (грчки: Κρηνίδα, Кринида; до 1956 г. Βιτάστα, Витаста[2]) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Ениќој на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 429 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во северозападното подножје на планината Кушница, на 54 км југоисточно од градот Сер и на 12 км северно од Радулево, на надморска височина од 140 м.[3] ИсторијаВо Отоманско ЦарствоВо отоманските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Зихна од 1659-1660 година е забележано дека Витачишта има 43 домаќинства.[4] Во XIX век Витачишта било мешано грчко-турско село во Зихненската каза на Серскиот Санџак. Според грчка статистика од 1866 г. во Витаста (Βιτάστα) живееле 900 Грци и 300 Турци.[5] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Виталчишта (Vitalchischta) имало 299 домаќинства со 90 жители муслимани и 700 жители Грци[6] Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во Витачиста (Виташта) имало 20 македонски, 106 грчки и 28 турски домаќинства.[7][8] Во 1891 година Георги Стрезов напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1.375 жители, од кои 1.100 Грци, 175 Турци и 100 Македонци.[7][10] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.650 Грци.[11] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 853 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 851 лица. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција. На нивно место се населиле 175 бегалци, така што селото станало мешана населба.[3] Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 1.738 жители.[3] Во 1956 година, селото било преименувано во Кринида (Κρηνίδα).[2] СтопанствоВитачишта располага со мошне плодно обработливо земјиште, од кое дел се наводнува. Населението одгледува пред сѐ памук и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството, посебно на краварството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитостиЦркви
Училишта
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia