Вракуповица
Вракуповица (бугарски: Вракуповица — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2] ИсторијаОтоманско ЦарствоВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Вракуповица (Vrakoupovitza) имало 27 домаќинства и 90 жители Македонци.[3] [4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители, сите Македонци.[3][5] По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[6] Географија и местоположбаСелото Вракуповица се наоѓа на околу 38 километри јужно од регионалниот центар Благоевград и на околу 11 километри западно-северозападно од општинскиот центар Струмјани. Се наоѓа на Малешевските Планини, на левата (северната) долинска падина на една од левите притоки на Горемска Река, лева притока на Цапаревска Река, која е лева притока на реката Струма). Надморската височина е во опсег од околу 875 m на северозападниот дел на селото и околу 825 m на неговиот југоисточен дел покрај реката. Општински пат без асфалтен коловоз води југоисточно од Вракуповица преку село Крпелево до село Каменица и по него се поврзува со Републичкиот пат III-1082 од трета класа. Атарот на селото Вракуповица се граничи со атарите на: селото Горна Крушица на север; селото Крпелево на исток, југ и југозапад; селото Гореме на северозапад. Во атарот на Вракуповица има две брани.[7]
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[10]
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia